Српскиот фудбалер е во добра здравствена состојба

Бешикташ ги негира гласините дека Љајиќ има коронавирус

Се појавија гласини дека српскиот фудбалер Адем Љајиќ има коронавирус, Бешикташ ги негира таквите информации и побара да не се шират лажни вести. 

Фудбалерот на Бешикташ, Адем Љајиќ е надвор од стројот поради болест. Низ социјалните мрежи почна да се шири информација дека тој боледува од коронавирус.
 
Турскиот клуб ги негира таквите гласини, ја соопшти дијагнозата на Љајиќ и објави дека тој е во стабилна состојба и веќе почнал со индивидуални тренинзи.
 
„Нашиот фудбалер Адем Љајиќ има воспаление на крајници и висока температура поради што имаше третман во болницата. Тоа е веќе минато. Неговата здравствена состојба е стабилна и тој почна со индивидуални тренинзи. Ве замолуваме да не се шират информации по социјалните медиуми дека Адем Љајиќ има коронавирус“, стои во соопштението на Бешикташ.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе