Пристигна официјална потврда

Беше резерва во Барса а сега стана шестиот најскап голман, Силесен во Валенсија за 35 милиони евра

Јаспер Силесен го напушта Камп Ноу и се сели на Местаља за дури 35 милиони евра, но има една финта, Барселона наскоро од Валенсија ќе треба да го купи Нето и да го врати најголемиот дел од оваа сума.

Она што синоќа беше најавено на социјалните мрежи, денеска доби и официјална потврда. Валенсија го купи Јаспер Силесен, Холанѓанецот стави потпис на четиригодишен договор и доби откупна клаузула од 80 милиони евра.

„Лос че“ на Барселона ќе и плати дури 35 милиони евра, со што Холанѓанецот, иако е резерва на Камп Ноу, ќе стане шестиот најскап голман во историјата зад Кепа, Алисон, Буфон, Едерсон и Куртоа.

Сумата е прилично изненадувачка, но има една финта. Барселона најголемиот дел од парите веднаш ќе ги врати и ќе го купи голманот на Валенсија, Нето за околу 30 милиони евра.

Двата клуба со една ваква зделка всушност ги „штелуваат“ сметките во своите биланси, каде ќе забележат големи капитални добивки и ќе направат да изгледа дека се во ќар.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе