Нови контроверзии

Берлускони под истрага за перење пари при продажбата на Милан?

Медиумите од Италија пишуваат дека Силвио Берлускони е под истрага за перење пари, сомнителни се неколку чекови од продажбата на Милан на кинескиот конзорциум предводен од Ли Јонгхонг

Нови контроверзии околку продажбата на Милан, која се одолговлекуваше со месеци за во април 2017 конечно „Росонерите“ да преминат во рацете на конзорциум од Кина.

Зделката донесе многу прашалници, пред се за тоа колку навистина е богат новиот сопственик Ли Јонгхонг, и дали тој ќе може да ги подмири сите обврски со оглед на тоа дека позајми 300 милиони евра од фондот Елиот.

Медиумите од Италија сега говорат за нови проблеми, Ла Стампа и Секоло XIX пишуваат дека обвинителството од Милано неодамна отворило официјална истрага.

Постои сомнеж за перење пари од страна на Силвио Берлускони, неговата компанија Финивест и Ли Јонгхонг.

Причина за ова се неколку сомнителни чекови, како и тоа што Милан бил продаден за 300 милиони евра повеќе од реалната вредност.

Сепак, главниот обвинител од Милано, Франческо Греко за АНСА ги негираше ваквите стории. 

„До овој момент не е отворена криминална постапка за продажбата на Милан“ - кратко изјави Греко.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе