Имало убава традиција во Манчестер јунајтед

Бербатов се сеќава: За Божиќ, Алекс Фергусон ни го сервираше ручекот во тренинг центарот

Димитар Бербатов открива дека кога тој играл за Манчестер јунајтед, имало интересна традиција за време на божиќниот ден. 

Премиерлигата е исполнета со натпревари во деновите околу Божиќ и Нова Година, па тимовите имаат тренинзи и покрај празниците.
 
Откако ќе завршел тренингот на Божиќ, фудбалерите на Јунајтед имале заеднички ручек во кантината во тренинг центарот, а потоа си заминувале да прослават со фамилиите. Ручекот во тренинг центарот го сервирал Сер Алекс Фергусон и неговиот тим од стручниот штаб.
 
Кога бев во Манчестер јунајтед овој период од годината секогаш беше посебен“, отркива Димитар Бербатов.
 
„Ќе трениравме а потоа одевме во катината на божиќен ручек и Сер Алекс и стручниот штаб ни ја сервираа храната“.
 
„Тоа беше убава традиција, се чувствувавме како братство, како тим, беше убаво да се има тоа“.
 
„Кажувавме шеги, по некоја закачка, тренерот ни ја сервираше храната за празниците, беше забавно“.
 
„Кога ќе си отидевме дома имавме божиќна вечера со семејството но требаше да внимаваме што и колку јадеме бидејќи следниот ден (боксинг деј) обично имаме натпревар“.
 
„Не сакате Сер Алекс Фергусон да ви се развика затоа што сте загубиле меч или сте покачиле некое кило“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе