Има исклучок од правилото на ФИФА кое не дозволува настап за две репрезентации

Бензема се налути по изјавата на првиот човек на ФФФ и порача: Пушти ме да играм за друга репрезентација па ќе видиме!

Карим Бензема жестоко реагираше на изјавата на првиот човек на Фудбалската федерација на Франција и пораката дека е завршена неговата авантура со „триколорите", напаѓачот побара да му биде дозволено да игра за друга репрезентација.

Карим Бензема со години не игра за Франција по скадалот и обидот за уцена и изнуда на пари од соиграчот Матју Валбуена. Напаѓачот оваа сезона игра во одлична голгетерска форма, па има барања тој да биде вратен во репрезентацијата со оглед на тоа дека во составот на Дидје Дешам нема голгетер од светска класа.

Сепак, првиот човек на Фудбалската федерација на Франција порача дека нема шанси тоа да се случи.

„Карим Бензема е многу добар играч, никогаш не сум се сомневал во неговите квалитети. Во Реал Мадрид покажува дека е еден од најдобрите напаѓачи. Но неговата авантура со тимот на Франција е завршена“ - рече Ноел Ле Грае.

Оваа предизвика жестока реакција од Карим Бензема кој побара да го пуштат да настапува за друга репрезентацијата.

„Ноел, мислев дека не се мешаш во одлуките на селекторот! Имај на ум дека само јас можам да одлучам за крај на репрезентативната кариера. Доколку сметаш дека толку е од мене, дозволи ми да играм за една од другите репрезентации чиј дрес можам да го носам и ќе видиме“ - напиша фудбалерот на Реал Мадрид на Твитер.

Според правилата на ФИФА, доколку еден играч одигра официјален натпревар за една репрезентација, тој не може да игра за друга. Сепак постои исклучок и во теорија, Карим Бензема може да настапи за Алжир, земјата на неговите родители.

Но за тој да има осново да побара да ја промени репрезентацијата, најпрво властите од Франција ќе треба да му го одземат француското државјанство. Потоа Карим Бензема ќе треба да испрати барање до ФИФА и светската куќа на фудбалот ќе треба да одлучи дали ќе му одговори позитивно.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе