РЕАЛ МАДРИД

Бензема потпиша нов договор со Реал Мадрид со една милијарда евра откупна клаузула!

Карим Бензема го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2021 година, во него има неверојатна откупна клаузула од една милијарда евра.

По Иско, Марсело и Карвахал, Карим Бензема потпиша нов договор со Реал Мадрид.
 
Неговиот актуелен договор истекуваше во јуни 2019 година, според новиот тој ќе биде во клубот до 2021.
 
Според шпанските медиуми, платата со новиот договор ќе му порасне на повеќе од 7,5 милиони евра годишно, а во договорот има и неверојатна откупна клаузула од една милијарда евра.
 
Во изминатите години неколку екипи се интересираа за неговиот потпис, особено Арсенал и ПСЖ, но тој изјави: „Како напаѓач, кога сте прв избор во некој клуб, не треба да гледате кон други клубови, особено кога сте во клуб како Реал Мадрид“.
 
Некои сметаат дека Бензема е милениче на Перез и Зидан и поради тоа Реал Мадрид губи играчи како Алваро Мората кој може да има поголем ефект во нападот од францускиот фудбалер.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе