Во последните денови од летниот преоден рок, Реал Мадрид тргна во офанзива по потписот на Килијан Мбапе и достави три понуди, последната вредна 200 милиони евра.
Но напорите беа залудни, ПСЖ одби да преговара и покрај тоа што Французинот има само уште една година од договорот и не сака да ја продолжи соработката.
Целата ситуација сега ја прокоментира Карим Бензема кој сака да го види својот сонародник во белиот дрес.
„Мбапе и јас добро се разбираме на теренот, но и надвор од него, и јасно е дека би сакал да играм покрај него во Реал Мадрид, кој е најдобриот клуб во светот, но мора да го почитуваме ПСЖ“ - вели Бензема.
„Сигурен сум дека еден ден ќе игра во Реал Мадрид“.