Сака да игра покрај својот сонародник на „Бернабеу“

Бензема: Мбапе ќе игра во Реал Мадрид

Карим Бензема вели дека одлично се разбира со Килијан Мбапе на теренот, сака да игра со својот сонародник и во Реал Мадрид и е убеден дека еден ден тој ќе го облече белиот дрес.

Во последните денови од летниот преоден рок, Реал Мадрид тргна во офанзива по потписот на Килијан Мбапе и достави три понуди, последната вредна 200 милиони евра.

Но напорите беа залудни, ПСЖ одби да преговара и покрај тоа што Французинот има само уште една година од договорот и не сака да ја продолжи соработката.

Целата ситуација сега ја прокоментира Карим Бензема кој сака да го види својот сонародник во белиот дрес.

„Мбапе и јас добро се разбираме на теренот, но и надвор од него, и јасно е дека би сакал да играм покрај него во Реал Мадрид, кој е најдобриот клуб во светот, но мора да го почитуваме ПСЖ“ - вели Бензема.

„Сигурен сум дека еден ден ќе игра во Реал Мадрид“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе