Ла Лига

Бензема конечно погоди на Бернабеу против Атлетико и донесе победа за Реал во градското дерби (ВИДЕО)

Реал Мадрид со минимални 1-0 триумфираше над Атлетико Мадрид, херој на натпреварот беше Карим Бензема кој дури по 16 мечеви погоди во градското дерби на Сантијаго Бернабеу.

„Кралевите“ привремено се на +6 на врвот на табелата откако попладнево со 1-0 го добија дербито на Мадрид против Атлетико. Гостите беа подобар противник во првиот дел, креираа неколку добри прилики, додека пак Реал не го стави на тест Облак.

Клучниот момент се случи на стартот од вториот дел, Менди нафрли од левата страна а Бензема од пет метри го матираше Облак.

За Французинот ова беше прв погодок во градското дерби на Сантијаго Бернабеу, му беа потребни дури 16 натпревари за конечно пред своите фанови да ја затресе мрежата на „колчонероси“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе