Напаѓачот на Реал Мадрид направи брутална споредба

Бензема: Јас сум Формула 1, Жиру е картинг

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема смета дека е многу подобар напаѓач од неговиот сонародник Оливие Жиру. 

Бензема нема настап за Франција од ЕВРО 2016 година, тој беше исфрлен од составот на Дидие Дешамп, најмногу поради скандалот со Валбуена.
 
Прв напаѓач на француската репрезентација беше Оливие Жиру. Франција е актуелен светски шампион.
 
Бензема е прв избор во Реал Мадрид, додека Жиру не е стандарден во Челси. 
 
Карим одговараше на прашање од фановите на инстаграм, а едно од нив беше да направи споредба меѓу него и Жиру.
 
„Не треба да споредувате Формула 1 со картинг. Јас сум Формула 1“, изјави Бензема.
 
„Тој ја освои титулата бидејќи беше таму, тоа беше единствената причина. Не беше спектакуларен, не направи ништо неверојатно, но го има трофејот“.
 
„Настрана од тоа, дали на некој му се допаѓа начинот на кој тој игра? Не знам“.
 

Во повеќето земји во развој, КОВИД-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе