Ла Лига

Бензема ја израдува и Барса, одлична акција во финишот за реми на Реал против Атлетико (ВИДЕО)

Карим Бензема погоди во 88. минута по една одлична акција со Касемиро и донесе бод за Реал на дербито со Атлетико, резултат на кој се радува и Барселона.

Дербито на Мадрид заврши без победник, „кралевите“ во финишот се спасија од пораз.

Луис Саурез го отвори резултатот во 15. минута, напаѓачот доби топка од Љоренте во право време и го матираше Куртоа за 1-0.

Сепак, гостите одговорија во финишот од мечот, една олична акција на Бензема и Касемиро заврши со гол на Французинот и 1-1 во 88. минута.

На резултатот се радува и Барселона, „каталонците“ продолжија да ја топат предноста. Атлетико Мадрид во моментов има +3 на врвот но и натпревар помалку.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе