Карим Бензема имаше уште една ѕвездена вечер во која блесна и му донесе голема победа на Реал Мадрид која го носи блиску до полуфиналето.
Челси добро го почна мечот, но во 21. минута следуваше шок. Одлична акција која ја почна Бензема, мајсторски додаде до Винисиус, а тој му асистираше за гол за водство од 1-0.
Вториот гол Бензема го постигна три минути подоцна, овојпат Модриќ фантастично му асистираше за водство на Реал Мадрид од 2-0.
На пет минути до крајот на првото полувреме Челси се врати во игра откако Хаверц реализираше со глава за 2-1.
Второто полувреме почна шокантно за Челси, Менди направи кардинална грешка и му овозможи лесен гол на Бензема за негов хет-трик и победа од 3-1.
До крајот на мечот Челси имаше неколку убави шанси, се обидоа Аспиликуета, Лукаку, Хаверц... но некои промашија, а некои удари им ги одбрани Куртоа со фантастични интервенции.
Во вториот денешен дуел Виљареал со 1-0 го победи Баерн Минхен со гол на Данџума уште во осмата минута од натпреварот по една одлична акција.
Мрежата на Мануел Нојер се затресе и по вторпат, но голот на Кокелан во 41. минута беше поништен поради офсајд.