Лига на шампиони

Бензема го однесе Реал Мадрид во четвртфинале, елиминација за ПСЖ (ВИДЕО)

Реал Мадрид со пресврт во второто полувреме го победи ПСЖ со 3-1 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Карим Бензема е херојот на кралевите, ги даде сите три гола. 

ПСЖ со предност од 1-0 влезе во овој натпревар, Реал Мадрид мораше да нападне и го направи тоа уште од првата минута.
 
Реал Мадрид бараше погодок, но ПСЖ од контра напади беше многу поопасен. Мбапе беше брилијантен во првиот дел, искористи една од неколкуте шанси, даде гол за водство на неговиот тим од 1-0. 
 
Тимот на Анчелоти во второто полувреме влезе со негатива од два гола, им требаше пресврт. 
 
Се се промени во 61. минута кога по една катастрофална грешка на Донарума, Карим Бензема постигна гол и израмни на 1-1.
 
Тоа им даде крилја на фудбалерите на Реал Мадрид кои тргнаа уште пофуриозно кон втор гол, а играчите на ПСЖ почнаа да се губат на теренот.
 
Во 76. минута Бензема постигна нов гол за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 2-1. Вкупниот резултат беше израмнет на 2-2.
 
Само што тргнаа од центар фудбалерите на ПСЖ ја загубија топката, во една конфузија Маркињос го проигра Бензема кој постигна хет-трик за водство и победа на Реал Мадрид од 3-1.
 
Реал Мадрид е во четвртфиналето, нова разочарувачка сезона за ПСЖ. 
 
На вториот денешен меч немаше голови, таму Манчестер Сити и Спортинг Лисабон одиграа 0-0. Англискиот тим со вкупни 5-0 оди меѓу осумте најдобри.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе