Напаѓачот на Реал помина добро

Бензема доби една година затвор за инволвираност во секс скандалот на Валбуена

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е осуден на една година условна затворска казна и доби парична глоба од 75.000 евра за соучество во злосторство и инволвираност во секс скандалот на неговиот колега од репрезентацијата, Матју Валбуена.

Карим Бензема помина добро и куртули од затвор во судскиот спор за изнуда и уцена во скандалот со секс-снимката на Матју Валбуена .

Напаѓачот на Реал Мадрид е осуден на една година условна затворска казна и ќе треба да плати глоба од 75.000 евра за соучество во злосторство.

Карим Бензема поради својата инволвираност со години не добиваше повик за настап во репрезентацијата на Франција но тоа се промени минатото лето, кога тој се најде на списокот за Европското првенство.

Пред три недели, првиот човек на ФФФ порача дека одлуката на судот нема да има никакво влијание, па се очекува Карим Бензема и покрај тоа што е прогласен за виновен, да биде дел од составот на „триколорите“ за мундијалот во 2022.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе