Португалскиот клуб потврди

Бенфика му го продаде Рубен Диас на Манчестер Сити за 71,6 евра и си купи играч од англискиот клуб

Бенфика потврди дека постигнале договор со Манчестер Сити за продажба на Рубен Диас, во спротивен правец оди Николас Отаменди. 

Бенфика и Манчестер Сити си подадоа рака. Португалскиот клуб информираше дека е постигнат договор и ги објави деталите.
 
Манчестер Сити ќе плати 68 милиони евра плус дополнителни 3,6 милиони евра во бонуси.
 
Фудбалерот треба да ги помине медицинските тестови, да ги договори личните услови со Сити и да го комплетира трансферот. Сето се очекува да биде формалност.
 
Како независен трансфер од претходниот, централниот дефанзивец, Николас Отаменди од Манчестер Сити се сели во Бенфика за сума од 15 милиони евра.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе