Бенфика и Манчестер Сити си подадоа рака. Португалскиот клуб информираше дека е постигнат договор и ги објави деталите.
Манчестер Сити ќе плати 68 милиони евра плус дополнителни 3,6 милиони евра во бонуси.
Фудбалерот треба да ги помине медицинските тестови, да ги договори личните услови со Сити и да го комплетира трансферот. Сето се очекува да биде формалност.
Како независен трансфер од претходниот, централниот дефанзивец, Николас Отаменди од Манчестер Сити се сели во Бенфика за сума од 15 милиони евра.