Милан

Бенасер објаснува како Ибрахимовиќ им помага на фудбалерите на Милан да играат подобро

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер отркрива какво е влијанието на Ибрахимовиќ за добрите игри на росонерите во последно време.

Ибрахимовиќ во јануари пристигна во Милан, со неговото доаѓање тимот ја крена формата, особено по паузата поради коронавирусот. Росонерите имаат серија од 11 натпревари во Серија А без пораз.

Бенасер само потврдува дека влијанието на Ибрахимовиќ е огромно во тимот, тој е строг, но тоа им помага да се подобрат.

„Тој помага многу. Со него тука сакате да дадете повеќе, не сакате да загубите топка“, вели Бенасер.

„Мора да го дадете најдоброто од вас бидејќи тој бара перфекција и доколку не ја дадете, ќе ве убие“.

„Таков е, но во право е. Има право да вика кога ќе направите грешка и да не вели ништо кога играте добро“.

„Така учите и станувате фудбалер на највисоко ниво“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе