Квалификации ЕВРО 2020

Белгија во голем стил стана првата репрезентација со пласман на ЕП, го совлада Сан Марино со 9-0! (ВИДЕО)

„Црвените ѓаволи" го обезбедија билетот за настап на Европското првенство во 2020, вечерва во голем стил стигнаа до потребните три бода и го совладаа Сан Марино со високи 9-0.

Белгија е првата репрезентација која обезбеди пласман на ЕВРО, вечерва избраниците на Мартинез немаа милост за противникот и девет пати ја тресеа мрежата на Сан Марино.

Гостите одолеваа се до 28. минута, кога Лукаку го отвори резултатот и донесе водство за „црвените ѓаволи“ од 1-0. До крајот на првиот дел, Сан Марино капитулираше уште пет пати.

Шадли зголеми на 2-0, Броли си постигна автогол за Лукаку во 41. минута да го постигне својот втор гол за 4-0. 120 секунди подоцна Aлдервирелд реализираше за 5-0 а во судиското надополнување на првиот дел, Тилеманс погоди за 6-0.

Во вториот одново дел долго се чекаше за нова радост, за во последните 10 минути да бидат постигнати нови три погодока. Бентеке во 79. минута донесе 7-0, тинејџерот Вершарен од пенал зголеми на 8-0 а точка на натпреварот стави Кастањ во 90. минута.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе