Додека другите мислат како да ја завршат сезоната

Белгија прва пресече, фудбалската сезона се прекинува, Бриж е новиот шампион

Белгиската фудбалска федерација е првата која официјално ја прекина сезоната и го прогласи лидерот на табелата за нов шампион, тоа е Клуб Бриж. 

Сите фудбалски првенства во Европа се на пауза освен шампионатот на Белорусија каде се игра фудбал.
 
Додека другите го чекаат развојот на ситуацијата со коронавирусот и прават плановите како да ја завршат сезоната, Белгија прва пресече.
 
Бордот на директори на првата белгиска лига со анонимно гласање одлучи сезоната да биде прекината а шампионската титула да ја добие Клуб Бриж.
 
Клуб Бриж има 15 бодови пред вториот на едно коло до крајот на регуларниот дел на првенството во Белгија кое има и плејоф. Овој пат тој нема да се одигра, а тие се новите шампиони.
 
Останува да видиме дали и други земји ќе го следат примерот на Белгија.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе