ЕВРО 2020

Белгија ја исфрли Португалија, Европа ќе добие нов шампион (ВИДЕО)

Со гол на Торган Азар, Белгија со 1-0 го доби големото дерби против Португалија и се пласираше во четвртфиналето, Европа ќе добие нов шампион. 

Актуелниот Европски шампион, селекцијата на Португалија е елиминирана. Португалците беа подобар противник од Белгија, но не успеаа да ја затресат мрежата на Куртоа.
 
Белгија со единствениот конкретен удар кој го имаше на натпреварот дојде до победата.
 
Португалија имаше голема шанса уште во шестата минута, но Диого Жота од идеална позиција шутна крај голот.
 
Во 25. минута Роналдо биеше силно од слободен удар, но Куртоа го одбрани неговиот шут.
 
На три минути прред крајот на првото полувреме, Торган Азар со фантастичен удар од далечина донесе водство за Белгија од 1-0.
 
Во второто полувреме повторно првата шанса ја имаше Диого Жота, но и овој пат не го погоди голот.
 
На следната можност се чекаше дури до 82. минута кога Рубен Диаш биеше силно со глава, но и овој пат Куртоа беше победникот.
 
Во следната минута Гуереро ја погоди стативата од голот на Белгија, а во самиот финиш и Андре Силва пропушти шанса.
 
На крајот Белгија се радуваше на победа, даде гол, го сочува резултатот и се пласираше во четвртфиналето каде што ќе игра против Италија.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе