ПМФЛ

Беласица наеднаш стана силна, по Академија Пандев ја победија и Шкендија!

Беласица била силна, а тоа ни тие не го знаеле до крајот на сезоната, тимот од Струмица кој грчевито се бори за опстанок почна „случајно“ да ги победува најдобрите во македонската лига.

Тоа што се шпекулираше пред мечот, се оствари на теренот, Беласица со 2-1 ја победи Шкендија и запиша три многу важни бодови во битката за опстанок.
 
Шкендија се уште ја нема заверно шампионската титула, но денеска во Струмица се појави со вториот тим, коефициентот во обложувалниците нагло паѓаше, и имаше зошто.
 
Беласица уште во четвртата минута поведе со гол на Георгиев, а во вториот дел Бејтулаи си даде автогол за предност на Струмичани од 2-0. До крајот на мечот Шефити даде почесен гол за Шкендија.
 
Голем кикс, направи и Работнички кој дома изгуби од Победа со 2-1. Романтичарите кои ја играат најлошата сезона во последните години, водеа со гол на Вијачки во 12. минута. Пресвртот следуваше во второто полувреме преку Ефремов и Тимовски.
 
Се шпекулираше дека Вардар ќе загуби на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, но тоа не се случи. Црвено-црните со два гола на Колевски победија со 2-0.
 
Исени со погодок во самиот финиш му донесе победа на Шкупи над Академија Пандев од 1-0.
 
А Ренова уште во петтата минута го даде голот против Силекс кој значеше победа од 1-0.
 
Табела:
 
1. Шкендија 66
2. Вардар 57
3. Академија Пандев 47 (-1)
4. Шкупи 42
5. Работнички 39
6. Ренова 39
7. Македонија ЃП 35
8. Силекс 31
9. Беласица 30
10. Победа 23 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе