Нема шала со Ферги

Бекам потсети како Сер Алекс Фергусон му наредил да ја избричи главата во соблекувалната на Вембли!

Легендата на „ѓаволите", Дејвид Бекам раскажа како му бил страв да се појави со „мохиканка" пред Сер Алекс Фергусон и како Шкотот му наредил да ја избричи главата во соблекувалната на Вембли.

Англичанецот беше еден од најголемите фудбалски брендови, но и за него важеа строгите правила кои ги имаше наметнато бескомпромисниот Сер Алекс Фергусон.

По повод 20-годишнината од освојувањето на историската тројна круна на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам потсети на еден инцидент од соблекувалната на Вембли. Ферги збеснал кога видел дека популарниот Бекси има „мохиканка“ па му наредил да ја избричи главата во тоалетот.

„Влегов во соблекувалната и тој се уште ја немаше видено мојата фризура бидејќи бев премногу исплашен да му ја покажам“ – вели легендата на „ѓаволите“.

„Претходниот ден тренирав со капа на главата, кога се вратив во хотелот носев капа, кога бев на вечера носев капа, бев на доручек следниот ден со капа, па дури носев капа на главата и во автобусот на пат кон стадионот“.

„И кога почнавме да се подготвуваме за натпреварот ја извадив капата а тој само ми рече „оди и избричи ја главата“. Јас почнав да се кикотам, а Ферги отсечно ми кажа, „навистина сум сериозен, оди и избричи ја главата“. Па во тоалетот на Вембли ја избричив главата. Ферги беше главен и секогаш се слушаше неговиот глас“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе