Велшанецот е среќен

Бејл: Со враќањето во Тотнем моите нивоа на енергија повторно се зголемија

Герет Бејл вели дека имал тежок период во Реал Мадрид, но враќањето во Тотнем му ја зголемило желбата да игра фудбал на највиско ниво. 

По седум години откако замина, Герет Бејл се врати во Тотнем, а дебито ќе го има кон средината на октомври кога ќе заврши паузата за репрезентативни натпревари.
 
„Среќен сум што се вратив во клубот со сето мое срце. Имам одлични спомени тука и се чувствувам многу среќно. Моите нивоа на енергија повторно се кренаа“, вели Бејл.
 
„Беше време за промена. Сакав промена веќе некое време, но не се случи. Конечно клубот кој ми знаши премногу му даде шанса и почувствував дека треба да се вратам. Чувствувам дека клубот се движи во вистинска насока и сакав да бидам дел од тоа“.
 
„Сакам само да уживам во мојот фудбал. Во Мадрид не ми беше добро веќе извесно време, мислам дека сите можеа да го видат тоа. Кога не си среќен, тешко е да играш на твоето највисоко ниво“.
 
„Не сум веќе 20 годишен кој спринта по бековската линија на секои две секунди. Како што станувам постар сфаќам дека треба да се менаџирам себе си и да ги избирам вистинските моменти. Повеќе ја учите играта. Кога сте млад сакате да импресионирате и секогаш влегувате со 100 проценти. Но кога ќе стекнете повеќе искуство можете да се менаџирате себе си, да ја менаџирате играта и да ги менаџирате ситуациите во кои ќе се најдете“.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе