Големо засилување за Мурињо

Бејл се врати во Тотнем и го „бутна“ сајтот на „спарси“!

Тотнем ја потврди двојната зделка со Реал Мадрид, Герет Бејл се враќа во Северен Лондон на позајмица а Серхио Регилон прави трансфер вреден од 30 милиони евра.

Герет Бејл повторно ќе го облече дресот на Тотнем, Велшанецот се враќа во клубот каде се промовираше во фудбалска ѕвезда и беше продаден на Реал Мадрид за 101 милион евра.

Соопштението очигледно ги крена на нозе навивачите, па сајтот на „спарси“ падна и има потешкотии при отварањето.

Детали не беа откриени, но се шпекулира дека Тотнем ќе плати 20 милиони фунти, бројка со која ќе биде покриен дел од платата, а одредена сума ќе добие и Реал Мадрид за позајмицата.

Покрај ангажманот на Герет Бејл, „спарси“ го потврдија и трансферот на Серхио Регилон. Левиот бек е купен за 30 милиони евра а Реал Мадрид ќе добие опција во следните две години да го врати во своите редови за 40 милиони евра.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе