Бејл веќе подолго време е во кавга со Реал Мадрид, Велшанецот повеќе е на трибините и на голф терените отколку што е во игра во составот на Зидан.
Се сметаше дека поради големата плата која ја добива, тој сака да го испочитува договорот без разлика што не игра, но според него тоа не е точно. Клубот му прави проблем да си замине, а тој би сакал да игра и би се вратил во Премиерлигата.
„Доколку има опции да се вратам во Премиерлигата сигурно би ги разгледал. Ќе видиме што ќе се случи, има уште многу време од овој трансфер прозорец. Времето ќе покажа но мислам дека одлуката за мојата иднина е во рацете на Реал Мадрид“, вели Бејл.
„Се обидов да си заминам минатата година но во последната секунда тие го блокираа трансферот. Тоа беше проект за кој бев возбуден, но не се случи“.
„Имаше и други обиди за заминување, но поради клубот не се остварија. Најмногу зависи од нив“.
„Јас сакам да играм фудбал, се уште сум мотивиран, па зависи од клубот. Тие контролираат се. Имам договор, и се што можам е да продолжам да го правам тоа што го правам и да се надевам дека нешто ќе се смени“.
„Имам само 31 години, чувствувам дека сум во одлична форма и имам уште многу да дадам. Ќе видиме што ќе се случи. Во рацете на клубот е, но да бидам искрен тие ми ја прават работата многу тешка“.