Ова веќе му станува навика, навивачите го губат трпението

Бејл повторно не го дочека крајот, Велшанецот кидна од Бернабеу во 82. минута (ВИДЕО)

Герет Бејл не го дочека крајот на синоќешниот дуел помеѓу Реал Мадрид и Леганес, напаѓачот го напушти Сантијаго Бернабеу во 82. минута.

Велшанецот, кој не е во комбинација за настап поради повреда, оваа недела беше во фокусот откако во понеделникот летна за Лондон, каде имаше средба со својот агент.

Герет Бејл синоќа се врати во Мадрид и беше на трибините за дуелот против Леганес. Но како и многу пати во минатото, тој го напушти Сантијаго Бернабеу пред последниот свиреж.

Медиумите го уловија како си оди дома во 82. минута, па Герет Бејл го прпушти голот на Лука Јовиќ, а ниту им честиташе на своите соиграчи, кои го имаа најдобриот меч оваа сезона.

„Ова иритира“ – кратко прокоментира новинарот Томас Ронсеро од емисијата „Ел чирингито“, кој е прилично голем фан на Реал Мадрид. Веројатно вака се чувствуваат и најголемиот дел од навивачите на „кралевите“.

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе