На Велшанецот не му се брза да замине од Мадрид

Бејл не сака на позајмица, неговиот агент се заканува: Може да биде играч на Реал и во следните три години

Агентот на Герт Бејл категорично демантира дека Велшанецот ќе замине на позајмица и предупредува дека напаѓачот би можел да остане во Реал Мадрид до крајот на договорот.

Герет Бејл не се вклопува во плановите на Зинедин Зидан, па Реал Мадрид се обидува да го продаде Велшанецот. Сепак, проблем е тоа што малку клубови можат да си го дозволат играчот.

Напаѓачот не сака да прифати намалена плата, па клубот кој ќе го купи ќе треба да одвои најмалку 15 милиони евра годишно, плус и да плати богато обесштетување.

Втора опција е тој да биде испратен на позајмица со цел Реал да ја тргне неговата плата од сметките (со данок изнесува 30 милиони евра), но Герет Бејл не сака да слушне за нешто вакво.

„Нема да има привремен трансфер за клубот да се ослободи од него. Герет е еден од најдобрите играчи на планетата. Ви гарантирам дека нема шанси да се пресели во друг клуб на позајмица“ – вели неговиот агент, Џонатан Барнет.

Два клуба од Кина, Џиангсу Сунинг и Пекинг Гуоан се подготвени да му понудат на играчот голема плата, но тие не можат да одвојат големо обесштетување за Реал. Проблем е законот според кој тие ќе треба да платат 100% данок на луксуз за засилувањата од странство.

Кинезите сакаат да го добијат играчот за без пари, но ова не му одговара на Флорентино Перез, кој прибира средства за да го купи Пол Погба.

„Герет е играч на Реал Мадрид и во моментот останува играч на Реал Мадрид. Доколку излезе некоја зделка која ни одговара, тогаш работите можат да се променат“.

„Бејл може да замине за еден ден или за една недела. Но може и да биде играч на Реал и во следните три години, до крајот на договорот“.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе