Премиерлига

Бејл му донесе победа на Тотнем и го искачи на второто место во Премиерлигата (ВИДЕО)

Герет Бејл со својот прв гол откако се врати во клубот, му донесе победа на Тотнем против Брајтон од 2-1 и го искачи својот тим на второто место на табелата во Премиерлигата. 

Натпреварот почна добро за Тотнем, по десетина минути игра домаќините добија пенал по фаул врз Кејн. Напаѓачот ја реализираше најстрогата казна и му донесе водство на својот тим од 1-0.
 
По десет минути игра во второто полувреме се случи контроверзен момент, Лампти постигна гол за изедначување на 1-1. Но во акцијата имаше фаул врз Хојберг. Судијата гледаше снимка, но се чини дека беше премногу горд за да ја промени одлуката иако повеќе од јасно беше дека е даул.
 
Во 70. минута во игра влезе Герет Бејл, а три минути подоцна Велшанецот даде гол со глава по асистенција од Регилон. Тоа е прв гол за него по враќањето во Тотнем.
 
Тимот на Мурињо рутински го приведе мечот до крајот и не дозволи да му се случи иста судбина како на дуелите со Њукасл и Вест Хем.
 
Со оваа победа Тотнем се искачи на второто место со два бода помалку од лидерот Ливерпул.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе