Медиумите од Шпанија со нова теорија

Бејл е причината поради која Зидан си поднесе изненадувачка оставка?!

Медиумите од Шпанија имаат нова теорија за заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид, Французинот се решил на еден ваков чекор откако Флорентино Перез го прекршил дадениот збор.

Само неколку дена по големиот триумф во Киев и новата титула од Лигата на шампионите, Зинедин Зидан на големо изненадување соопшти дека го напушта кормилото на Реал Мадрид.

Зизу никогаш не ги откри причините за својата одлука, па медиумите често пишуваат за тоа што се крие зад неговото заминување.

Весникот Ел Паис сега има нова теорија и Герет Бејл се посочува како виновен за случувањата. Наводно Зинедин Зидан сакал да го продаде Велшанецот и добил гаранции од Флорентино Перез дека фудбалерот ќе биде ставен на трансфер листа а добиените пари ќе бидат инвестирани во засилување од типот на Еден Азар, Мохамед Салах или Хари Кејн.

Но по финалето од Лигата на шампионите, каде Герет Бејл со маестрални ножички го трасираше патот на „Кралевите“ кон нова титула а потоа ги реши и делемите околу победникот со втор погодок, Флорентино Перез се предомислил.

Првиот човек на Реал не само што одбил да се раздели со Герет Бејл, дури велел и дека Велшанецот е подобар од Кристијано Роналдо. На Зинедин Зидан не му се допаднало ова, па решил дека е време да каже збогум.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе