Голем гест на навивачите на Динамо Загреб

„Бед блу бојс“ помагаа во изнесување на бебињата во инкубатори во Загреб

Членови на навивачката група на Динамо Загреб, „Бед блу бојс“ помогнаа да се изнесат бебињата во инкубатори од гинеколошката клиника на улицата Петрова по силниот земјотрес. 

Силниот земјотрес не само што ги вознемири жителите на Загреб и околината тука донесе и многу штета во хрватската престолнина.
 
Бебињата, мајки и трудници мораа да ја напуштат болницата поради стравување од автершокови, а едни од оние кои први дојдоа за помош беа и членови на навивачката група на Динамо Загреб, „Бед блу бојс“.
 
„Се што можам да кажам е благодарам за БББ, од срце ви благодарам, бидејќи несебично ни помогнавте во овие моменти“, изјави Мислав Херман, д-р специјалист по гинекологија во болницата.
 
Локалните навивачки групи на клубовите од Балканот речиси секогаш се јавуваат први за помош кога градот е соочен со непријатни моменти.
 
 
 
 
 
 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе