„Баварците“ со ултиматум до Лев и ФФГ

Беарн се закани со бојкот на Германија: Ако Тер Штеген го замени Нојер, нема да ги пуштаме играчите

Закана за бојот на репрезентацијата на Германија испрати претседателот на Баерн, Ули Хенес порача дека тие нема да ги пуштаат играчите во националниот дрес доколку Тер Штеген му го земе местото на Нојер помеѓу стативите.

По срамната елиминација на Светското првенство во Русија, „панцерите“ започнаа реконструкција и подмладување на репрезентацијата. Неколку големи имиња како Матс Хумелс, Жером Боатенг и Томас Милер беа шкртнати од селекторот Јоаким Лев.

Мануел Нојер пак го задржа местото и покрај тоа што долго време се мачеше со повреди, а за конкуренција го има Марк Андре тер Штеген, кој е извонреден на голот на Барселона.

Неодамна Марк Андре тер Штеген изјави дека е незадоволен од статусот и порача дека заслужува да биде прв голман во репрезентацијата. Ваквата изјава сепак не им се допадна на лидерите на Баерн Минхен, кои веднаш скокнаа во одбрана на својот играч.

Потоа се појавија стории дека Тер Штеген ќе биде стартер на еден од следните два натпревари, односно пријателскиот меч со Аргентина и дуелот со Естонија во квалификацитие за Европското првенство. Ова само дополнително ги вжешти работите, па од Минхен испратија закана, која не доликува на ниту еден клуб, а камо ли на најпознатиот во Германија.

„Нема да прифатиме одлука со која Тер Штеген ќе му го земе местото на Нојер. Доколку тоа се случи, повеќе нема да ги пуштаме играчите во националниот тим“ – порача претседателот Ули Хенес во разговор со Билд.

Лидерите на Баерн очигледно си мислат дека се богови, но во оваа ситуација тие немаат моќ, бидеќи според правилата на ФИФА, клубовите се должни да ги ослободат играчите или во спротивно им следува казна.

Токму затоа тим менаџерот на Германија, Оливер Бироф не обрнува премногу внимание: „Не сум загрижен, клубовите се обврзани да ги ослободат играчите за репрезентативна должност според правилата на ФИФА“.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе