ФК Работнички

Баже Лазаревски е нов тренер на Работнички

Работнички потврди дека Баже Лазаревски го презема кормилото од Жикица Тасевски кој синоќа си поднесе оставка.

По поразот од Вардар, Жикица Тасевски експресно си поднесе оставка од трнерската функција во Работнички, клубот веднаш донесе одлука за нов предводник на првиот тим.
 
„Координаторот на младинската школа, Баже Лазаревски, е именуван за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на ФК Работнички. Раководството одлучи да му даде доверба на искусниот Лазаревски, кој долг период координира со младинската академија во клубот. Тој ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Работнички до крајот на сезоната, а негови асистенти ќе бидат Томислав Франц, Славчо Георгиевски и Драги Атанасовски“, се вели во соопштението на Работнички.
 
Првиот предизвик за Лазаревски ќе биде веќе во недела кога Работнички игра против Македонија Ѓорче Петров.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе