Зад решетки уште неколку директори на Барселона

Бартомеу уапсен за скандалот „Барсагејт“ и милионите платени да се оцрни името на Меси, Пике, Чави, Гвардиола...

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу е уапсен заедно со уште неколку лица како дел од истрагата за „Барсагејт" и милионите платени да се оцрни името на сегашни и поранешни членови на „каталонците".

Утрово полицијата изврши рација во канцелариите на Барселона на Камп Ноу и го уапси поранешниот претседател Жозеп Мариа Бартомеу.

Според медимите, зад решетки завршил и сегашниот генерален извршен директор Оскар Грау како и првиот човек на правната служба, Рамон Гомез Понти.

Сите се сомничат за корупција во скандалот „Барсагејт“ односно милионскиот договор со комапнијата И3 Вентурас, која е специјализирана за креирање на мислење на социјалните мрежи.

Жозеп Мариа Бартомеу сакал да се исчисти неговиот имиџ и имиџот на бордот на директори, а да се оцрнат противниците но и сегашни и поранешни членови на клубот.

И3 Вентурас преку стотина профили на социјалните мрежи ја фалеле работата на Бартомеу и неговите соработници и вршеле напади врз Лео Меси, Жерард Пике, Чави, Пујол, Пеп Гвардиола и многу други.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе