Полјакот е топ трансфер цел

Барселона за засилувања ќе има 200 милиони евра, но за Левандовски нема да понуди повеќе од 40 милиони

Како што пренесува АС, Барселона ова лето ќе има 200 милиони евра за засилувања но за првата желба на „каталонците", Роберт Левандовски нема да бидат потрошени повеќе од 40 милиони евра.

Трансфер буџетот на Барселона ова лето ќе изнесува околу 200 милиони евра, ова денеска го пренесе АС. Весникот вели дека информацијата е од претседателот Жоан Лапорта кој имал неформален разговор со медиумите.

АС исто така додава дека „каталонците“ одредиле лимит за трансферот на Роберт Левандовски и нема да понудат повеќе од 40 милиони евра. Ова ги компкикува работите со оглед на тоа дека Баерн Минхен го одби последниот предлог вреден токму 40 милиони евра, па некој ќе мора да попушти за да се реализира зделката.

Покрај Полјакот, Бернардо Силва и Рафиња се останатите големи желби на Барселона за засилување на тимот.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе