Лапорта беше претседател на Барселона од 2003 до 2010, сега на престојните претседателски избори во клубот повторно ќе се кандидира за прв човек.
Во интервју за радио „Онда Серо“, тој меѓудругото откри дека во 2006 година Интер испратил огромна понуда за Меси.
„Никој кој ја сака Барселона не смее да се сомнева во Меси. Се надевам дека ќе бидам избран за претседател и тогаш ќе зборувам со него за останување во клубот“, вели Лапорта.
„Ние одбивме понуда од 250 милиони евра во 2006 година од Интер. Морати сакаше да го донесе во својот клуб“.
„Ние имаме и план за средување на економската ситуација во клубот. Можеме да го промениме светот, можеме да го направиме подобро место со напорна работа, пасија и љубов. Сакаме да ги направиме луѓето среќни, и тоа не е предизборно ветување“.