Преговорите се во напредна фаза

Барселона успеа да му најде нов клуб на Пјаниќ, Босанецот се сели во Бешикташ!?

Неколку извори пренесуваат дека Барселона и Бешикташ се договориле за позајмица на Миралем Пјаниќ, сега останува уште фудбалерот да пронајде заеднички јазик со „црно-белите" од Истанбул.

Миралем Пјаниќ цело лето се поврзуваше со заминување од Барселона, Јувентус и неколку други клубови од Качлото пројавија интерес, но до трансфер не дојде. Се очекуваше Босанецот да остане на Камп Ноу откако преодниот рок во најголемиот дел од земјите заврши на 1. септември.

Сепак постојат шанси Барселона да се ослободи од Миралем Пјаниќ. Добро упатениот новинар Туна Акдемир откри дека Бешикташ прави сериозен напор да го донесе фудбалерот од средниот ред.

Потоа се огласи и новинарот Фабрицио Романо, кој објави дека Барселона и Бешикташ се договориле за едногодишна позајмица и сега останува уште Миралем Пјаниќ да пронајде заеднички јазик ос „црно-белите“ од Истанбул.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе