Лига на шампиони

Барселона стравува од духот на Манчестер јунајтед

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде вели дека најмногу се плаши од духот кој Манчестер јунајтед го има.

Манчестер јунајтед оваа сезона на гостински терен ги победи Јувентус и ПСЖ, па Барселона и покрај победата на Олд Трафорд знае дека работата се уште не е завршена.
 
„Она што ме плаши најмногу е духот кој тие го имаат. Ги почитуваме како тим и историјата која ја имаат“, вели Валверде.
 
„Можете да го почувствувате нивниот дух на теренот и мислам дека тоа ќе го видиме утре. Доколку сакаме да се соочиме со тоа треба да го покажеме нашето вистинско светло“.
 
„Не знам што ќе покаже утре Манчестер јунајтед, но знаеме што направија оваа година во Лигата на шампионите. Од четири гостински натпревари победија само на три, мораме да бидеме внимателни“.
 
„Секој тим ќе се обиде да ја игра својата игра базирана на играчите кои ги има и ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра“.
 
„Меси е подготвен за игра по ударот кој го имаше. Точно е дека имаше проблеми за време на мечот, но сега е добар“.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе