Французинот ги одработува последните месеци од договорот

Барселона со ултиматум до Дембеле

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Барселона му дала рок од 15 дена на Осман Дембеле да одговори на понудата за продолжување на соработката.

Осман Дембеле ги одработува последните месеци од договорот, Барса сака да го задржи и му понуди нова соработка, но Французинот се уште нема одговорено.

Според пишувањата на Мундо Депортиво, „каталонците“ немаат намера вечно да го чекаат напаѓачот и му поставиле ултиматум, тој има рок од 15 дена да каже дали ќе остане или ќе замине.

Весникот додава дека Осман Дембеле сака да продолжи на Камп Ноу, но се двоуми дали да го прифати предлогот поради силниот притисок од неговиот агент. Муса Сисоко го убедува својот клиент дека ќе му обезбеди подобра плата во друг клуб (има интерес од Премиерлигата со клубови како Њукасл и Манчестер јунајтед).

Исто така, агентот смета дека промена на средината може да биде добредојдена со оглед на сите проблеми кои ги имаше Осман Дембеле со повредите.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе