Примера

Барселона со пресврт дојде до многу важна победа против Валенсија (ВИДЕО)

Барселона со 3-2 победи на гостувањето кај Валенсија и освои три исклучително важни бодови во борбата за титулата. 

На натпреварот беа постигнати пет голови, а во првиот дел мрежите мируваа.
 
Резултатот беше отворен во 50. минута кога Габриел Паулиста погоди по една лоша поставеност на одбраната на Барселона.
 
Во 57. минута Меси промаши пенал, но во продолжение од акцијата топката некако повторно стигна до Аргентинецот кој ја протна во мрежата за 1-1.
 
Шест минути подоцна Гризман погоди за комплетен пресврт и водство на Барселона од 2-1.
 
Во 69. минута Меси постигна убав гол од слободен удар за водство на Барселона од 3-1.
 
На седум минути до крајот Солер постигна гол за 2-3 и возбудлив финиш на мечот, но Барселона го сочува водството и дојде до победата.
 
Во следното коло Барселона го пречекува Атлетико Мадрид а Реал Мадрид е домаќин на Севиља. Тоа се четирите екипи кои се борат за титулата.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе