Трансферот е комплетиран

Барселона потпиша со Гризман и му стави поголема откупна клаузула и од таа на Меси!

Трансфер сагата на Антоан Гризман заврши, од денеска тој е фудбалер на Барселона која ја плати откупната клаузула и потпиша со францускиот фудбалер.

Барселона потврди дека го комплетира трансферот на Антоан Гризман кој стави потпис на петгодишен договор со Каталонците.

„Барселона ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра за Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Фудбалерот потпиша договор на пет години, со траење до 30 јуни 2024 година, со откупна клаузула од 800 милиони евра“, стои во соопштението на Барселона.

Тоа значи дека Гризман сега има поголема откупна клаузула и од Лео Меси чија изнеасува 700 милиони евра.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе