„Нероаѕурите“ го одбиле предлогот

Барселона понудила 70 милиони плус двајца играчи за Лаутаро Мартинез, Интер кажал НЕ

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Интер го одбил предлогот на Барселона за Лаутаро Мартинез, „каталонците" понудиле пари плус услугите на Артуро Видал и Нелсон Семедо.

Со месеци се пишува дека Лаутаро Мартинез е желба на Барселона, Аргентинецот треба да биде долгорочна замена за Луис Суарез.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, „каталонците“ на Интер му понудиле 70 милиони евра плус услугите на Артуро Видал и Нелсон Семедо.

„Нероаѕурите“ сепак го одбиле ваквиот предлог и ја информирале Барселона дека за разделба со Лаутаро Мартинез ќе треба да биде платена откупната клаузула во договорот на играчот вредна 111 милиони евра.

ГДС додава дека Барселона има подготвено богат договор за напаѓачот и плата од 10 милиони евра по сезона.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе