Кризата во каталонскиот клуб е голема

Барселона нема лидери кои ќе преземат одговорност, по големите порази ги праќаат „децата“ на пресови

Меси, Пике и останатите искусни играчи на Барселона после поразите од ривалите праќаат деца да се соочат со медиумите, наместо тие да ја преземат одговорноста.

Барселона е во криза, каталонскиот тим игра очајна сезона во Ла Лига, и веројатно само коренети промени можат да ги подобрат работите.

Дека работите не функционираат како порано во Барселона, може да се забележи и од тоа што се случуваше по поразите од Реал Мадрид и синоќешниот од Атлетико Мадрид.

Меси, Пике и останатите искусни играчи наместо да се соочат со јавноста и да одговараат на прашањата на новинарите по поразите, ти праќаа деца.

По поразот од Реал Мадрид, го пратија дебитантот Дест кој не ни зборува шпански, а по синоќешниот загубен меч пред новинарите зборуваше 17-годишниот Педри.

Барселона има дури девет бода помалку од Атлетико Мадрид, се наоѓа на средина на табелата во Примера. Староседелците во тимот наместо да преземат одговорност и да покажат лидерство, тие се кријат, со таков однос тешко дека ќе се променат работите, напротив тоа покажува дека тимот е во длабока криза.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе