Преговорите се во полн ек

Барселона нема да штеди за Нејмар, ќе плати 100 милиони а ПСЖ ќе бира и од Ракитиќ, Умтити и Дембеле

Од Бразил пристигнува информација дека преговорите за враќање на Нејмар во Камп Ноу се во полн ек, „каталонците" се подготвени да платат 100 милиони евра а ПСЖ ќе добие и неколку играчи

Авантурата на Нејмар во ПСЖ најверојатно ќе заврши по само две години. Уште од неговите први месеци во Париз се пишуваше дека тој се каел што го заменил „Камп Ноу“ со „Паркот на Принцовите“, деке не бил среќен и дека сака да замине.

Последните информации кои пристигнуваат велат дека Барселона е најблиску до ангажман на Нејмар. Глобоеспорте, повикувајќи се на извори кои со добро упатени во ситацијата, пренесе дека преговорите се во прилично напредна фаза и Нејмар ова лето би можел да се врати во Каталонија.

Весникот вели дека првиот човек на клубот, Жозеп Мариа Бартомеу лично е инволвиран и тој ги води преговорите со таткото на Нејмар. Двајцата се подготвени да ги стават разликите кои ги имаат на страна за да се реализира трансферот.

Што се однесува до понудата за ПСЖ, идеата на Барса е да плати околу 100 милииони евра, а „светците“ ќе треба да изберат и неколку фудбалери. Шампионот на Шпанија е подготвен да ги жртвува Иван Ракитиќ, Самуел Умтити и Осман Дембеле.

ПСЖ изминатиов период постојано потенцираше дека нема намера да се раздели со својата најголема ѕвезда, но ситуацијата е промената. Л’екип неодамна пренесе дека бордот на клубот ќе даде зелено светло доколку пристигне интересен предлог, односно прилично богата понуда.

Самиот претседател  Насер Ал Кеалифи помеѓу редови навести дека вратата е отворена и вчера истакна: „Сакам играчи кои се желни да го дадат максимумот за да ја бранат честа на овој дрес и проектот на клубот. Оние кои не сакаат да го прават ова, или пак не разбираат, ќе седнеме на маса и ќе разговараме. Секако, има договори кои треба да се испочитуваат, но приоритет е сите да бидеме на иста бранова должина кога е во прашање нашиот проект“.

„Што се однесува до Нејмар, никој со сила не го натера да потпише за нас. Никој не го притискаше. Тој самиот си донесе одлука откако го дозна нашиот проект“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе