Барселона

Барселона негира дека Лео Меси побарал да замине од Камп Ноу

Барселона ги негира шпекулациите дека Лео Меси побарал од раководството да замине од клубот по лошата сезона која кулминираше со дебаклот од Баерн Минхен. 

По примените осум голови од Баерн Минхен, атмосферата во Барселона е очајна, а најавени се драстични промени во клубот. Ќе се почне од тренерска смена, планирана е и голема распродажба на играчите, а можни се смени и во раководството.
 
Синоќа новинарот кој прв соопшти дека Нејмар ќе оди во ПСЖ, Марсело Бечлер од „Интеративе Спорт“, соопшти дека Меси сака да си оди од Барселона и тоа сака да го направи ова лето.
 
Каталонскиот „Спорт“ тврди дека Барселона за нивниот медиум категорично демантирала дека Меси имал било каков контакт со раководството и дека им соопштил желба за заминување.
 
Меси од своето деби за Барса на 16 октомври 2004 година на 17 годишна возраст, има одиграно 731 официјални мечеви за Барселона и постигнато 634 голови, освоил 34 титули со каталонскиот клуб.
 
Меси и неговиот татко ова лето купија куќи во Милано, па се шпекулира дека доколку замине, неговата следна дестинација би била Интер, но се пишува и за неговото обединување со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
 
Во наредните денови се очекува многу повеќе да се дознае за иднината на Меси и неговата намера, дали сака да остане во Барселона или да си оди.
 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе