Лига на шампиони

Барселона не направи чудо во Париз, Ливерпул со нова победа го завери четвртфиналето (ВИДЕО)

ПСЖ одигра 1-1 против Барселона во Париз и со вкупни 5-2 се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, таму ќе биде и Ливерпул кој со идентични 2-0 уште еднаш го совлада Лајпциг. 

ПСЖ мечот го почна со предност од 4-1 обезбедена на Камп Ноу, па фудбалерите на Покетино повеќе гледаа како да ја сочуваат таа предност отколку да напаѓаат. Барса беше таа која постојано играше на противничката половина, но не успеа ниту да дојде до обична победа.
 
ПСЖ поведе во 31. минута кога Мбапе погоди од пенал за 1-0, само шест минути подоцна Меси со прекрасен гол од далечина израмни на 1-1.
 
Можеби се ќе беше поинаку ако Меси во судиското продолжение не промашеше пенал. Кејлор Навас му го одбрани ударот од белата точка.
 
Во вториот дел Барселона напаѓаше, ПСЖ се бранеше и се обидуваше да биде опасен од контри. На крајот ПСЖ се радуваше на четвртфинале, а Каталонците ќе се насочат кон домашните обврски.

Во Букурешт, Ливерпул со 2-0 го победи Лајпциг и со вкупни 4-0 се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
 
Салах и Мане во второто полувреме на растојание од три минути дадоа по еден погодок за триумф на црвените.
 
Можеби оваа победа покрај пласман меѓу осумте најдобри во ЛШ ќе донесе и зголемена самодоверба кај Ливерпул за мечевите од Премиерлигата.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе