Рафиња е една од желбите на Барселона за новата сезона и како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, „каталонците“ од месец март се во контакт со Бразилецот и неговиот агент Деко.
Преговорите се во напредна фаза и се финализираат деталите за соработка до јуни 2027 година.
Челси и Њукасл исто така пројавуваат интерес за услугите на офанзивниот фудбалер, но Рафиња сака да го облече дресот на Барселона и приоритет му е преселба на Камп Ноу.
Се верува дека во неговиот договор има клаузула од 25 милиони евра во случај Лидс да испадне од Премиерлигата, па доколку „белите“ завршат во втора лига, Барселона ќе има драстично полесна задача за реализирање на трансфер.
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 97НОВИ / 24h
- 1 од 16
- следно ›
- Контакт