Примера

Барселона можеше да го наполни Ваљадолид, а победи само со гол од пенал (ВИДЕО)

Барселона ги освои планираните три бода против Ваљадолид, Каталонците имаа многу шанси, но победија само со 1-0 благодарение на гол од пенал на Лео Меси.

Барселона имаше многу шанси против Ваљадолид, особено во второто полувреме, но поранешниот нивни голман, Масип имаше фантастична вечер.
 
Барселона доби два пенали, од кои реализираше само еден кој беше клучен за победата.
 
Во 42. минута од натпреварот Пике беше соборен во шеснаесетникот на Ваљадолид, судијата покажа пенал, а Меси го реализираше за водство од 1-0.
 
На пет минути до крајот Меси уште еднаш шутираше од белата точка, но Масип одбрани, топката повторно дојде до Аргентинецот кој уште еднаш биеше, но голманот на Ваљадолид му фати уште еднаш.
 
Сепак Барса ги освои планираните три бода кои доѓаа по две нерешени средби во серија. Во следното коло имаат тешко гостување во Андалузија кај Севиља.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе