Ова треба да биде доволно за трансфер на напаѓачот на Камп Ноу

Барселона испраќа финална понуда за Левандовски, последниот предлог ќе биде вреден 50+ милиони

Медиумите од Германија пренесуваат дека Барселона денеска ќе испрати финална понуда за трансфер на Роберт Левандовски и на маса ќе стави 50 милиони евра плус бонуси.

Роберт Левандовски утрово уредно се пријави во Баерн за стартот на подготовките за новата сезона, но Полјакот веројатно нема долго да се задржи во Минхен.

Новинарот Флоријан Платенберг објави дека се очекува Барселона во текот на денешниот ден да испрати финална понуда, „каталонците“ на маса ќе стават 50 милиони евра плус бонуси.

Тој додава дека Баерн Минхен е подготвен да го продаде напаѓачот за 50-55 милиони евра, па големи се шансите до крајот на неделата да падне договор за трансфер на Роберт Левандовски.

Парите од оваа зделка, „баварците“ ќе ги инвестираат во ангажман на Матајс де Лихт од Јувентус.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе