Адама Траоре утре би требало да го комплетира трансферот во Барселона откако двата клуба постигнаа договор.
Тој до крајот на сезоната ќе игра на позајмица, а неговата плата во целост ќе ја покрива Барселона.
Каталонците имаат опција во јуни за сума од 30 милиони евра плус бонуси комплетно да го откупат.
Ова ќе биде враќање на Адама Траоре во Барселона, тој потекнува од Ла Масија, дури девет години беше член на младинскиот погон од каде во 2013 прво се префрли во Барселона Б, а имаше и настап за сениорскиот тим на Каталонците.