Се пеглаат последните детали

Барселона и Јувентус наскоро ќе ја реализираат размената на Артур и Пјаниќ

Размената меѓу Барселона и Јувентус за Артур и Пјаниќ е во завршна фаза од договарањето, наскоро ќе следи реализација. 

Според „Скај Спорт Италија“, Барселона и Јувентус ги договориле висините на обесштетувањата. Пјаниќ е вреднуван на 60 милиони евра плус бонуси, а Артур на 70 милиони евра плус бонуси.
 
Тоа значи дека Јувентус ќе треба да и доплати на Барселона уште десет милиони евра.
 
Последната алка во преговорите е договорот меѓу Артур и Јувентус. Играчот на Барселона конечно се помири дека треба да замине од Камп Ноу, од Јувентус тој ќе добие петгодишен договор со плата од 5,2 милиони евра по сезона.
 
И двајцата играчи ќе останат во своите клубови во крајот на сезоната.
 
Остануваат да се договорат уште ситни детали и се очекува зделката наскоро и официјално да биде соопштена.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе